Информации за работењето на Центарот за рана интервенција и
подршка на семејствата во новонастанати услови предизвикани
од актуелната состојба со корона вирусот

Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија со финансиска поддршка од Амбасадата на Обединетото Кралство и поддршка од УНИЦЕФ, го реализира проектот Грижа во заедницата за деца со попреченост и нивните семејства чија главна цел е обезбедување услуги во заедницата на деца со попреченост и нивните семејства преку воспоставување на нови форми на услуги - рана интервенција за деца со попреченост од 0 до 6 годишна возраст и психосоцијална поддршка на нивните родители/старатели.


Како дел од проектните активности, а со помош на Град Скопје, од почетокот на Март 2020 беше отворен Центарот за рана интервенција и поддршка на семејствата, но поради мерките со цел спречување на ширењето на Коронавирусот, проектните активности се одвиваат во изменети услови. Стручниот тим дава поддршка на родителите и децата кои веќе беа опфатени со третмани и интервенции, пришто се користи технологија (се реализираат онлајн интервенции) за да им се понуди потребната поддршка и во континуитет да се продолжи со интервенциите. Родителите добиваат психо-социјална поддршка од страна на психолог-психотерапевт, како и инструкции од страна на стручни лица и тоа специјален едукатор и рехабилитатор, логопед, физиотерапевт и негувателка од областа на услугата рана интервенција, за тоа што и како да работат во домашни услови со децата.


Ги информираме родителите на деца со одредени задоцнувања во развојот, како и родителите на деца со попреченост, чии деца се на возраст до 6 години, а кои се од Скопје или од другите градови и места ширум нашата држава, дека обезбедуваме;
- проценка на потребите на децата за рехабилитација и проценка на потребите на семејството за поддршка;
- индивидуални третмани и интервенции со децата;
- индивидуална и групна работа со родители (давање психосоцијална поддршка од страна на психолог-психотерапевт).


Интервенциите ќе се реализираат согласно можностите и потребите на семејствата, а при изведба на истите ќе бидат вклучени родителите кои ќе добиваат директни инструкции, насоки и совети од стручните лица. Децата ќе добијат специјализирана поддршка која ќе го стимулира развојот на вештини, способности и компетенции.


Ги повикуваме сите заинтересирани родители да се јават на тел. 074/222-148 и да закажат термин. Услугите се бесплатни!

СО ПОЧИТ,
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија