Image
Image
Image

На 28.03. и 29.03.2022 година се одржа првиот состанок на конзорциумот на проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“ („Инклузија преку МКФ) во Скопје на кој ССЕР е партнер во проектот.

На состанокот присуствуваа учесници од сите ко-апликанти на проектот: Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори (ССЕР), Образование за сите, Д-р Претис, Универзитетски колеџ за едукација на наставници – Стириа, Австрија, Медицинско училиште Хамбург, Германија, Мелек Академија, Турција  и Општина Гази Баба.

На состанокот кој беше организиран од водечкиот апликант –„Образование за сите“, беа презентирани целите и резултатите од проектот и конзорциумот на проектот дискутираше за активностите за имплементирање на проектот согласно временската рамка. Проектниот координатор ја нагласи потребата за заедничка соработка со цел навремено и успешно релизирање на проектните активности. На состанокот исто така беа дискутирани одговорностите и правилата за водење на проектот.

На состанокот беше договорен и датумот за вториот состанок на Конзорциумот кој ќе се одржи на 30.09.-01.10.2022 година во Грац, Австрија.

Проектот е дел од Еразмус+ програмата и е ко-финансиран од Еврпоската Унија и Националната Агенција за образовни програми и мобилност.

Времетраењето на проектот е: Февруари 2022 – Јануари 2024

Image
Прв состанок на конзорциум на проектот, Скопје